Хроника 17. јуни 2019. / 12:24

Во сообраќајна незгода шест лица се повредени!

Во сообраќајна незгода шест лица се повредени!

Шест лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајна незгода кога вчера се случила на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка околу 17:30 часот.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, сообраќајна незгода била помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ј.(51) од село Пузаљка, општина Старо Нагоричане и патничко возило „Фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Н.Г. (21) од Куманово.