Хроника 30. јули 2020. / 12:00

Во сообраќајка загина 26-годишник додека возел електричен тротинет

Во сообраќајка загина 26-годишник додека возел електричен тротинет

Тешка сообраќајка во која млад битолчанец го загуби животот се случила вчера во 13.49 часот на крстосницата од ул.„8 Септември“ и ул.„Арон Ароести“ во Битола.

Во несреќата, информира МВР, учествувале патничко возило „фолксваген туран“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ј(21) од Битола и електричен тротинет управуван од О.П(26) од Битола.

По незгодата О.П. бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде им подлегнал на повредите, велат од полицијата.

Увид е извршен од увидна екипа на СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.