Хроника 10. август 2019. / 12:40

Во сообраќајка во Скопје e тешко повреден мотоциклист

Во сообраќајка во Скопје e тешко повреден мотоциклист

Вчера во 10,35 часот во СВР Скопје на улица „Јадранска магистрала“ се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Рено Кангу“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А. Д.(61) од Гостивар и мотоцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г. И.(49) од Скопје.

Г.И. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.