Хроника 14. јули 2018. / 14:08

Во сообраќајка во Скопје е повредено петмесечно бебе

Вчера вo 08,46 часот во Скопје на улица „Коце Металец“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки управувано од 38- годишниот М.Т и патничкио моторно возило „Форд Фиеста“ исто така со скопски регистарски ознаки управувано од 36- годишниот Е.Н двајцата од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило пет месечно бебе кое било во возилото „Цитроен“, кое е задржано на понатамошно лекување во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид на местото на настанот.