Возач на трактор и две лица сопатници на возраст од 18 и 17 години се поврдени во сообраќајка која се случила вчера на патот Градско-Прилеп. Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
Од МВР соопштија дека во 20:40 часот било пријавено дека се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ” без регистарски ознаки, управуван од Д.М.(31) од Прилеп и товарно возило „фиат дукато”, со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.К.(48) од Прилеп.
Во незгодата, возачот на тракторот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобиле сопатникот Х.М.(18) и уште еден сопатник на возраст од 17 години, констатирани во Градската болница Прилеп, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош – информираат од МВР.