Хроника 16. јули 2020. / 12:14

Во сообраќајка на „Џон Кенеди“ тешко повреден пешак од Косово

Во сообраќајка на „Џон Кенеди“ тешко повреден пешак од Косово

Во вечерните часови на 15 јули било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од улиците „Џон Кенеди“ и „Кемал Ататурк“, автомобил „голф“, управуван од 57-годишен скопјанец, удрил во 55-годишен пешак од Косово.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош.