Хроника 18. март 2019. / 17:32

Во Скопје зaпалени три луксузни возила

Во Скопје зaпалени три луксузни возила

Утринава во Скопје изгopeа три возила. Полицијата се уште молчи околу мотивите и сторителите, пишува Инфомакс.

 

 

Засега нема информации дали станува збор за поединци или организирана група која ги пали автомобилите. Дали станува збор за peкет, и3нyда или одмa3да на одредени лица.

Според информациите, утринава околу 4:30 лице од агенцијата за обезбедување „Сокол“ кој ја обезбедувал плинарската пумпа „Нис Гас“ забележал чад и оган од правец на авто сервис „Макс“, сопственост на 40 годишно лице од Скопје.

Лицето од обезбедување веднаш ја известил Противпожарната бригада, која дошла на лице место и започнала да го гаси пожарот.

Опожарени биле 3 возила, бмв х 5 со скопски регистерски таблички, сопственост на 26 годишна скопјанка, шкода фабиа со скопски регистарски ознаки за која се уште се утврдува сопственоста и фолгсваген фургон исто така со скопски регистарски таблички во сопственпст на приватна компанија.

Во пожарот целосно изгорело бмв х 5, а специфично е тоа што во првичните искази стои дека тоа возило не било претходно таму паркирано, ниту донесено во сервисот, каде не поправале воопшто такво возило.

Пожарот е изгаснат, а предизвикана е поголема материјална штета. Последнот период зачестија ваквите инцидeнти, последниот случај е од вчера кога во Штип било опожарено возило на бизнисмен, а последниве месеци десетици возила се опожарени и во главниот град. Ниту еден од овие инциденти до сега не е расветлен.

Инцидентот не е објавен во денешниот билтен на Министерството за внатрешни работи.