Хроника 05. јануари 2021. / 09:11

Во Скопје казнети 22 лица кои возеле без возачка дозола

Во Скопје казнети 22 лица кои возеле без возачка дозола

За време на вчерашбата сообраќајна контрола полицијата казни вкупно 151 лице за прекршоци, од нив 22 за возење без возачка дозвола, а 15 за нерегистрирани возила.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изрече вкупно 151 казни, од кои 13 за управување со брзина поголема од дозволената, 22 мерки за возење без возачка дозвола, 15 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 5 санкции за управување под дејство на алкохол, 8 за користење на мобилен телефон и 2 мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло).

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.