Хроника 13. јануари 2021. / 10:13

Во Скопје фатен возач со 2,65 промили алкохол во крвта

Во Скопје фатен возач со 2,65 промили алкохол во крвта

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 213 мерки, од кои 13 за управување со брзина поголема од дозволената, 32 мерки за возење без возачка дозвола, 22 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 3 санкции за управување под дејство на алкохол, 12 за користење на мобилен телефон и 4 мерки за поминување на црвено светло. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информираат од МВР.

Вчера во Скопје, како што информира МВР, меѓу казнетите е и возач кај кого биле констатирани 2,65 промили алкохол.