Хроника 12. април 2019. / 20:48

Во Шведска уапсен обвинет за „27 април“

Во Шведска уапсен обвинет за „27 април“

На аеродромот Скаваста во Шведска уапсен е Дејан Давидовски кој е еден од 33-та обвинети за нападот во Собранието на 27 април. За 39-годишниот Давидовски, пред една година беше распишано меѓународна потерница, а по него трагаше и Интерпол.

Од македонското обвинителство ја потврдуваат веста и велат дека веќе е побарана екстрадиција.

Шведската полиција извршила и сослушување на Давидовски, но тој негирал за било каква врска со нападот на Собранието.