Хроника

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп-Крушево поради сообраќајна незгода

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп-Крушево поради сообраќајна незгода

Од 17.40 часот регионалниот пат Прилеп-Крушево е целосно во прекин поради сообраќајна незгода, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани-Македонска Каменица-Делчево, Виница-Берово, Гостивар-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Катланово-Велес, Крушево-Демир Хисар и Ресен-Буково.