Во СВР Скопје вчера околу 23.00 часот било пријавено дека на ул.„Црногорска“ во Скопје настанал пожар во куќа сопственост на Н.Н.(59).
Во пожарот куќата целосно изгорела, а повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Увид извршила екипа од СВР Скопје.