Хроника 01. мај 2020. / 08:45

(ВИДЕО) Во пожар изгоре угостителски објект во ТЦ ,,Мавровка“

(ВИДЕО) Во пожар изгоре угостителски објект во ТЦ ,,Мавровка“

Во текот на ноќта избувна голем пожар во угостителскиот објект кој се наоѓа пред ТЦ ,,Мавровка“ до споменикот на Хасан Приштина.

Во пожарот целосно е изгорен заградениот дел пред самиот угостителси објект, кој зафаќаше голем дел од површината и тротоарот.

Неодамна за потребите на овој дограден дел беа исечени здрави дрва, за кои реагираа и Град Скопје и градоначалникот Шилегов.

Порталот Коха објави и видео снимка на која се гледа дека со пожарот се справуваат десетина пожарникари.

Тој е локализиран, а за причините надлежните ќе известат во текот на денот.