О.Ш. (79) била тешко повредена во сообраќајката што вчера се случила во струшкото село Мислешево. Патничко моторно возило „шевролет лачети” со струшки регистерски таблици, управувано од Б.Ш. (22), удрило во О.Ш. (79) која добила тешки телесни повреди по што била пренесена во Медицинскиот центар во Струга.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.