Надворешната канцеларија за криминалистички работи за Крива Паланка поднесе кривична пријава против Р.М. (54), А.М. (28) и В.М. (32), сите од село Псача, кривопаланечко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”.
На 2 август 2018 година околу 17:30 часот во село Псача, во комплексот на манастирот „Свети Никола”, пријавените физички нападнале тројца полициски службеници.