Хроника 08. март 2019. / 09:35

Во Македонска Каменица трет пожар за една недела

Во Македонска Каменица трет пожар за една недела

Македонска Каменица, 8 март 2019 (МИА) – Доцна синоќа е локализиран пожарот кој вчера попладне избувна кај каменичкото село Дулица. Како што соопшти командирот на ТППЕ од М.Каменица, Малин Трајчевски, причината за пожарот е човечки фактор.

-До доцна во ноќта наша екипа синоќа учествуваше во гаснење на пожар во село Дулица. Во гаснењето учествуваа двајца пожарникари со едно возило. Помош имавме од локалното население и екипа на шумско стопанство. Пожарот настанал од човечки фактор, т.е невнимание, соопшти Трајчевски.

Додаде дека штетата во пожарот дополнително ќе се утврдува.

За период од седум дена ова е трет пожар кој се случува на територијата на Македонска Каменица. Претходно пожар се гаснеше во село Саса и кај месноста Каменарски рид.