Голем пожар од вчера беснее во с.Пресница, Општина Липково. Според информацијата на Регионалниот центар за управување си кризи (РЦУК) гори 50 хектари шума.
Пожарот е пријавен во Шумското стопанство, Територијалната противпожарна единица и Дирекција за заштита и спасување.
Од страна на Шумско стопанство во 17 часот добивме информација дека пожарот е активен и дека се опожарени околу 50 хектара шума, но поради непристапниот терен нема да го гаснат. Истовремено не известија дека движењето на пожарот е кон горниот дел на планината каде уште има снег и се надеваат дека пожарот навреме ќе се изгаси, – стои во соопштението на РЦУК.