Посетители влегуваат во затворската капија на Сашо Мијалков иако тоа е спротивно на законот.
Редакцијата на Лидер од извор во затворот дознава дека на 28.02 во 20 часот и 50 минути и покрај најстрогите законски забрани притворениот Сашо Мијалков имал посета во ќелијата во затворот Шутка.
Лицата кои влегле во неговата ќелија се: Сашо Крстевски – возач на директорот на затворот и Бобан Кузмановски – командир во униформа внатре во затворот. Но и покрај тоа, и двајцата немаат никакво право да прават посети на притворениот.
Ова е најстрого забрането. Посетите смее да ги одобри судот или по претходно писмено барање на притворениот, а одобрано од командирот и дикреторот на затворот. Во овој случај ни двајцата посетители немале такви одобренија.
– И двајцата посетители ги има на затворските камери и се гледа како влегуваат кај што е Сашо Мијалков. Ова само ја потврдува веста дека е прекршен законот, вели нашиот извор.
Останува прашњето дали Зоран Заев на својот бизнис партнер преку свои луѓе му праќа пораки и совети на поранешниот директор на УБК – Сашо Мијалков?