Хроника 30. јануари 2021. / 10:39

Во изминатото деноноќие казнети 121 возач во Скопје

Во изминатото деноноќие казнети 121 возач во Скопје

Според МВР, засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во сообраќајот и само на територијата на град Скопје изрече вкупно 121 меркa, од кои 11 за возење без возачка дозвола, 13 за непочитување на брзината на движење, 13 за користење мобилен телефон, четири за некористење сигурносен појас и 53 мерки за непрописно паркирање.

Според МВР, засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, наведува Министерството.