Хроника 13. мај 2020. / 09:45

Во изминатото деноноќие 31 лице не го почитувале полицискиот час

Во изминатото деноноќие 31 лице не го почитувале полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие од страна на министерството за внатрешни работи констатирано е дека по однос на забраната за движење на ниво на целата држава 31 лице не ја почитувало забраната за движење, при што приведени се 19 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 18 лица им се издадени решенија за изолација, а 66 лица потпишале изјави за самоизолација, информираат од МВР.

Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.

Во државен карантин се спроведени 36 лица.