Хроника 06. септември 2019. / 11:38

Во Гостивар уапсени се девет дилери на хероин

Во Гостивар уапсени се девет дилери на хероин

Деветмина се приведени во полициска акција во Гостивар, откако при претрес кај нив било пронајдено хероин. Како што се наведува во полицискиот билтен:

На 05.09.2019 околу 16 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Гостивар од слобода биле лишени Ј.Т.(50) од Равен, Р.А.(37) од Сенокос, В.А.(45) од Неготино-Полошко, С.Б.(57) од Добридол, Ј.А.(38) од Беловиште, М.Х.(53) од Дебреше и гостиварците Ј.И.(48 ), И.А.(52) и К.С.(49), поради тоа што при преглед кај нив бил пронајден хероин. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.