Хроника 08. април 2018. / 14:44

Во Ѓорче Петров малолетник бил прободен со нож

Во Ѓорче Петров малолетник бил прободен со нож

“Малолетник бил прободен со нож во левата надколеница синоќа во скопски Ѓорче Петров.

Полицијата соопшти дека околу 1:00 часот по полноќ во Полициската станица Ѓорче Петров Е.С.(51) пријавил дека на вечерта на 7 април околу 22:30 часот додека неговиот син Е.С. (17) се движел по улицата „Ангел Винички“ бил пресретнат од страна на две непознати лица. Едното од нив извадило нож и го прободело во пределот на левата надколеница.

Малолетникот бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош и од страна на лекар констатирана е телесна повреда.

Полицијата соопшти дека работи на целосно расчистување на случајот.