Хроника 06. ноември 2019. / 11:27

Во Германија е приведен Македонец во чие возило е откриена дрога вредна половина милион евра!

Во Германија е приведен Македонец во чие возило е откриена дрога вредна половина милион евра!

Германската полиција вчера привела 48-годишен маж од Македонија, во чие возило открила дрога вредна половина милион евра.

Македонскиот државјанин со живеалиште во Шлаерфандел во Горна Баварија се враќал од Македонија и бил запрен на автопатот А8 кај Раублинг во областа Розенхајм во јужниот дел на Германија.

При контролата на возилото биле пронајдени 8,8 килограми кокаин. Возачот е приведен под обвинение за внесување во земјата на дрогаза продажба во не многу големи количини.