Хроника 17. март 2020. / 11:09

Во два одделни случаи полицијата пронашла млади лица кои шетале со ножеви

Во два одделни случаи полицијата пронашла млади лица кои шетале со ножеви

Во текот на вчерашниот ден полицијата извршила претрес кај три лица во Скопје и кај сите било пронајдено ладно оружје.

Вчера во 13 часот при извршен преглед кај А.Д.(19) од Скопје, пронашле нож на расклопување. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Час и половина во Градскиот парк, при извршен преглед кај Ф.Б.(23) и И.Н.(25), двајцата од Скопје, пронашле два ножа на расклопување. Тие биле приведени, поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.