Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Р.Р.(54) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ предвидено и казниво по член 215 од КЗ на РМ.
Според полицискиот билтен, на 8 ноември по претходна судска наредба бил извршен претрес на домот на пријавениот и при претресот пронајдени биле 12 паковки хероин и кокаин. Р.Р. е приведен во Полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка.