Во полицијата во Ресен, во попладневните часови на 23 април било пријавено дека во дом на улица „Јосиф Јосифовски“ била пронајдена рачна бомба.
Како што информираат од МВР, во куќата на Ј.Н. била пронајдена бомба од италијанско потекло со производство од 1944 година.
Увид на местото извршила екипа од ресенската полиција, а од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување бомбата била безбедно подигната за понатамошна постапка.