Хроника 27. октомври 2020. / 12:00

Во Чаир вчера санкционирани 131 возач 

Во Чаир вчера санкционирани 131 возач 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во рамки на  засилените акциски контроли во областа на сообраќајот,  само на територијата на скопски Чаир изрече вкупно 131 санкција.

Како што информираа денеска од МВР, за возење без возачка дозвола санкционирани се 18 лица, 19 за технички неисправни и нерегистрирани возила, додека 18 санкции за неносење на заштитна маска…

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.