Вчера попладне во СВР Битола било пријавено дека во Битола-с.Драгожани, во ладилна комора во магацин од фабрика за преработка на тутун „Сокотап“, избувнал пожар.
За време на пожарот во магацинот, како што соопшти МВР, не се изведувале никакви активности и немало лица. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица пожарот бил изгаснат.
Извршен бил увид на местото на настанот од страна на СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.