Хроника 18. септември 2019. / 16:21

Во Бардовци алармантно: Чадот стигна до Центар

Во Бардовци алармантно: Чадот стигна до Центар

Откако претходно објавивме вест дека гори сува трева во скопската населба Бардовци на социјалните мрежи се појави фотографија направена од една зграда во центарот на Скопје, пишува Курир.

Од фотографијата може да се забележи дека пожарот се шири многу брзо поради ветрот, а чадот се чувствува дури до центарот на градот и опфаќа повеќе скопски населби.

Кај граѓаните владее страв бидејќи пожарот се доближува до куќите, па тие се излезени и сами се обидуваат да гаснат.

Во моментов пристигнуваат пожарникарските служби.