Хроника 21. February 2019. / 16:00

Власта не бира методи: Јанакиески претепан во Шутка?!

Власта не бира методи: Јанакиески претепан во Шутка?!

Извори на весникот Лајм, информираат дека денеска во затворот Шутка се случил инцидент. Според нив, член на Кумановската група со иницијали Е.К. го претепал поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски.

Благодарение на интервенцијата на затворските власти, била спречена поголема несреќа.

Засега нема детали за тоа како дошло до контакт меѓу Е.К. и Миле Јанакиески, но велат дека инцидентот се случил во дворот на затворот. Официјално сè уште нема ниту потврда ниту демант за оваа информација