Предмалку се случи тешка сообраќајна несреќа на булеварот „ Партизански одреди“ , наспроти т.ц Лептокарија.
Во несреќата учествуваа две возила, Нисан и такси, пренесува „Скопје1“.
Неофицијално Нисанот откако преминал преку жардињери е забиен во дрво. Стакло има на сите страни.
Некои медиуми пренесоа дека има повредени, но засега нема официјални информации од МВР.