Поранешната пратеничка Маринела Тушева, која сега работи во Министерството за одбрана, на Фејсбук објави видео на кое се гледа како гори еден од двата автомобили, запалени од засега непознати сторители.
Настанот се случил рано утринава околу 5 часот во штипската населба „Сењак 3“, каде возилата биле опожарени така што прво биле скршени прозорците, а потоа во нив биле фрлени молотови коктели.