Хроника 25. септември 2020. / 18:01

(ВИДЕО) Тешка сообраќајка на повеќе возила кај Злокуќани

(ВИДЕО) Тешка сообраќајка на повеќе возила кај Злокуќани

За среќа, според информациите, нема тешко повредени, но причинета е голема материјална штета. Од она што можеше да се забележи на лице место, во несреќата инволвирани биле три автомобили, од кои два директно се судриле, пренесува канал5.ком.мк

Сообраќајката го отежна движењето во тој дел од градот и создаде киломатерски колони на двете коловозни ленти.

Полицијата правеше увид, а допрва ќе се утврдуваат причините.