Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на автопатот Скопје-Тетово, после Карпалак.
Според првичните информации автобусот кој сообраќал од Скопје кон Тетово преминал на другата лента и се превртел на кровот, а има информации и дека му пукнала гумата, пренесе Независен.
Според првичните информации од СВР Тетово во автобусот имало најмалку 50 патници и сите се повредени, но уште не се знае дали имаа загинати.
Во секој момент се очекува брза помош да стигне на самото место.