Хроника 14. февруари 2019. / 11:44

(ВИДЕО) Снимките од автобусот сведочат за вчерашниот хорор

(ВИДЕО) Снимките од автобусот сведочат за вчерашниот хорор

Еден ден по вчерашната трагедија, автобусот кој сеуште е на местото на несреќата сведочи за ужасот низ кои поминаа патниците.

Нова Македонија објави видео од местото на несреќата. Во автобусот на смртта имало 50-тина патници, 15 од нив се мртви, а неколкумина уште се во критична состојба.

Остатоци од автобусот се нем сведок за хоророт кој вчера се случи на патот Скопје-Тетово.