Автомобил се запали попладнево во населбата Драчево, а благодарение на брзата интервенција на бригадата за противпожарна заштита истиот беше брзо ставен под контрола.
Според првичните информации, во пожарот нема повредени, а настаната е само материјална штета.
Автомобилот се запалил во близина на пазарот во населбата.