На патниот правец Скопје-Куманово се запали патничко моторно возило БМВ со скопски регистарски ознаки.
Според информации на репортерот на ТВ21, причинета е само материјална штета, а патниците кои се наоѓале во возилото веднаш го напуштиле и поминале без повреди.
Засега не се познати причините за опожарувањето на возилото. Сообраќајот од Скопје кон Куманово е повторно пуштен околу 17:00 часот.