Хроника 17. јануари 2021. / 20:54

(ВИДЕО) Се снимил како вози 255 километри на час каде што е дозволено 100 и се пофали на „ТикТок“

(ВИДЕО) Се снимил како вози 255 километри на час каде што е дозволено 100 и се пофали на „ТикТок“

По вчерашното видео на „Тик-Ток“ каде граѓани користат полициски значки и палки за да поминат патарини денес е објавено ново видео каде возач управува со возило со 255 километри на час.

На социјалната мрежа „Тик-Ток“ се појави ново видео објавено од возач на автомобил кој во градски средини каде е дозволено 50 вози со 140 километри на час, а на автопат каде е дозволено возење до 100 километри на час вози над 250 километри на час.