Претседателот на бордот на директори на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, Џеват Исени, пред неколку денови објави снимка, на која се гледа како на појасот носи пиштол додека води оро на прослава.
По обајавата на видето директорот Џеват Исени се огласи преку социјалната мрежа Фејсбук.
– По објавата на Канал 5 демантирам дека пиштолов е тоа што тие мислат. Тоа е гасен пиштол, кој е само сигнален. Поседувам и уредна дозвола. – порача Исени.
На видеото кое го објави Канал 5, се гледа како тој води оро, додека носи пиштол на појасот.
Нема информации дали пиштолот бил користен во традиционалното пукање во свадбените веселби, но скоро во исто време тетовската полиција упати апел до граѓаните да не употребуваат огнено оружје на семејните веселби и свадби со оглед дека минатите години чести беа случаите во кои имаше и повредени лица.
Пукањето со огнено оружје е спротивно на законот за прекршоците против јавниот ред и мир и глобата за ваков вид на прекршок се движи од 200 до 500 евра во денарска противвредност.
За време на свдабените прослави често се употребува огнено оружје, но за жал и често при такви веселби има и повредени. Долг е списокот во Минситерството за внатрешни работи на повредени гости за време на свадбените прослави.
Секој осми жител во светот поседува огнено оружје. 74 отсто од вкупното оружје се наоѓа кај цивилите, 23 отсто кај оружените сили, а три проценти кај полицијата.
Од 180 земји во светот, Македонија е на 20-то место според бројот на нелегално оружје, што го поседуваат цивилите.