Неколку активисти на владејачката СДСМ синоќа сториле тешко кривично дело – попречување на изборната кампања – со тоа што застанале млади активисти на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и им го одземале целиот рекламен материјал за камнпањата на професорката Гордана Сиљановска Давкова – се жалат за Лидер, активистите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Синоќа, младинскиот огранок на опозициската партија се упатил до месните комитети да однесе рекламен материјал за претседателските избори, но, автомобилот на претседателот на УМС Кисела Вода, Никола Илиевски, бил застанат од неколку лица кои од него побарале да им го остави целиот пропаганден материјал и да си замине дома.
-Ме застанаа, ми се заканија и ми го земаа целиот рекламен материјал кој го носев во автомобилот. – кратко изјави за Лидер, младиот Илиевски.
Насилниците од владејачката партија, не успеале да забележат дека позади автомобилот на Илиевски, има уште еден автомобил со членови на УМС кои го снимиле случајот. Една од снимките, младите на ВМРО-ДПМНЕ ја доставија до редакцијата на Лидер.
Утринава, Илиевски заедно со останатите сопартијци го пријавил случајот во полиција а до МВР ја доставиле и снимката од настанот.
Извори од МВР, за Лидер брифираат дека уште од рано наутро, највисоки функционери во министерството вршеле притисок за случајот да се заташка, затоа што во него учествувале неколку лица важни за СДСМ. Доколку во државава има правда, овие лица треба да одговараат со затворска казна која достигнува и 3 години, затоа што толку вреди попречување на изборниот процес.
-До сега МВР, успеа да ги идентификува лицата Б.Л и Г.Ѓ од Хиподром. Не знам дали истоти се предадени на обвинителството, но не верувам дека ќе преземат нешто, има голем притисок „од горе“. – вели изворот на Лидер од полицијата.