Истрели од огнено оружје ги вознемири присутните на Матка. Инцидентот се случил денеска пет минути пред 15 часот, а според информациите до кои дојде Република, Мерван Сулејмани со уште неколку лица физички ги нападнале Амет Саит и Амет Садик при што употребиле и огнено оружје.
Сите учесници кои биле дел од пукањето на кањон Матка се возачи на чамци за туристи. Расправијата настанала во врска движењето на чамците во кон Пештерата.
Република пишува дека Сулејмани, кој посегнал по пиштол е поддржувач на актуелниот претседател Стево Пендаровски. Тој објавува фотографии на кои тој е фотографиран во друштво на Пендаровски.