Состојбата со пожарот во Дебрца станува алармантна.
Огнот слегува кон селото. Жителите се екипираат и бараат помош. Огнот се приближува до првите куќи од селото.
Жителите на Велмеј и Месната заедница бараат помош. Претпладнево огнот се гасеше и од воздух, но попладнево екипите заминале образложувајќи дека им треба одмор, објави Охрид1.
Во моментов на терен се противпожарните служби и екипи од Шумското стопанство.
Инаку пожарот избувна вчера во 10 часот во близина на каменолот кај селото Велмеј. Најпрво пожарот избил кај улишта со пчели кои изгореле, а потоа брзо се проширил на блиската шума. Гори шума со смрека и бор.