Неколку минути пред полицискиот час се случи тешка сообраќајна несреќа на раскрсницата на Булевар Јане Сандански, веднаш до железничката станица. Има и повреден.
Во сообраќајната незгода учествувле товарно комбе и скутер. Од сообраќајката со телесни повреди се здобило лицето кое го управувало скутерот.
Полицијата е на терен и врши увид, а причината за несреќата засега не е позната.
Телевизија 21 објави и видео непосредно по несреќата.