Хроника 20. април 2020. / 20:13

(ВИДЕО) Полицијата уапси момче со миленик во Скопје

(ВИДЕО) Полицијата уапси момче со миленик во Скопје

Полицајци во цивилна облека, неколку во униформа, два полициски автомобили и едно полициско комбе интервенирале за приведување на момче кое шетало миленик во Скопје.

Неофицијално, станува збор за случка во скопска Кисела Вода.  Од снимката објавена на социјалната мрежа „Фејсбук“ може да се види дека станува збор за дете, кое со својот миленик, со комбе на полицијата е однесено во станица.

А бе пред станица ќе го врзе се слуша од снимката.

Од снимката може да се види дека полицајците кои интервенираат не користат ниту заштитна опрема за спречување на коронавирусот, како маска и ракавици.