Хроника 05. јули 2019. / 19:30

(ВИДЕО) Полицајка скокна во Вардар да фати крадец

(ВИДЕО) Полицајка скокна во Вардар да фати крадец

Во текот на денешниот ден на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа апсење на лице, за кое авторот на видеото тврди дека е крадец кого го бркала полицијата во центарот на Скопје. Како што стои во описот на видеото крадецот бил фатен од инспекторка која скокнала во Вардар бркајќи го крадецот, при што го фатила и уапсила во водата.

Двајца момци го бркале уапсениот од Соборен храм, се до Македонскиот народен театар, но не успеале да го фатат. Бркотницата започнала поради украдена ташна и ланчиња.