Шверц на 50.000 кутии цигари со македонски бандероли скриени во картонски пакувања со логото на соковите „Јафа“ откри унгарската царина. За досетливоста на македонските шверцери говори и видеото за пресретнатиот шверц.
Шверцот се случил на 4 ноември минатата година и случајот е расчистен, а тоа може да се види и на официјалната страница на унгарската царина. Фирмата „извозник“ ја презела вината и платила казна од 400.000 евра.
Според сознанијата за кои пишува „Плусинфо“, имало 7 до 8 пратки со пакувањата во соковите „Јафа“ со што на компанијата “Коктел трејд“ од Тетово, застапникот на трговската марка „Јафа“, ѝ се нанесени значителни штети.