Хроника 08. март 2021. / 11:26

(ВИДЕО) На Деве Баир уапсен албански државjанин во чие возило биле пронајдени 14 килограми хашиш

(ВИДЕО) На Деве Баир уапсен албански државjанин во чие возило биле пронајдени 14 килограми хашиш

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, во координација со ОВР Струга, Регионалниот центар за гранични работи Исток и Царинската управа, вчера пресекоа меѓународен канал за транспорт на хашиш од Албанија преку Северна Македонија и Бугарија, со крајна дестинација Турција, при што се запленети околу 14 килограми хашиш и пакувања хашиш смола и хашиш масло, соопшти денеска портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

– По претходно преземени мерки, во 12.45 часот на граничниот премин Деве Баир (на излез од Република Северна Македонија) извршен е претрес на возило БМВ, управувано од албанскиот државјани Х.Х. (60), при што во два бункера биле пронајдени пакувањата со хашиш. Х.Х. е лишен од слобода и во текот на денот ќе биде предаден на надлежното обвинителство со соодветна кривична пријава, рече Ангеловски.

МВР продолжува со интензивните мерки и активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога.

– Завчера беа запленети над половина тон марихуана, а акциите продолжуваат и во наредениот период, вели Ангеловски.