Откако утрово Орце Камчев беше приведен поради опасност од бегство, доби и 30-дневен притвор.
Тој ќе биде спроведен во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари.
„А1он“ го пренесе спроведувањето на Камчев.
„Господинот Камчев не може да ја напушти Македонија бидејќи нема пасош. Ова е злоупотреба од политички актери, ова е срамота”, рече адвокатот на Орце Камчев.