Хроника 07. March 2019. / 09:26

(ВИДЕО) Како МВР ја откри лабораторијата за дрога во Скопје

(ВИДЕО) Како МВР ја откри лабораторијата за дрога во Скопје

Кривична пријава против 31-годишниот скопјанец Н.Б. поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Според информациите од МВР, врз основа на претходно добиени оперативни сознанија, по издадена судска наредба, извршен е претрес на домот кај пријавениот во Скопје. При извршениот претрес во станот пронајдени се 52 саксии со стебла канабис, 1 килограм и 324,43 грама марихуана, 54 капсули со вкупен волумен од 27 мл хашиш-масло, 11 шприцеви со 30,7 мл хашиш-смола, неколку семки канабис и вага на која имало остатоци од марихуана и хероин.

Во станот исто така имало и инсталиран систем – импровизирана лабораторија за одгледување и производство на растенија кои му припаѓаат на растителниот род канабис и производство на масло од канабис (светилки HPS, вентилатори, екстрактор за производство на масло од канабис, апарат за вакуумирање, ЛЕД-светилки, термометри и тајмери, импровизирани сушарници, апарат за навлажување на воздухот, стабилизатори за струја, карбон филтер со мотор и канти со непозната течност).