Хроника 04. октомври 2018. / 14:48

(Видео) Изгоре семејна куќа во Жданец

(Видео) Изгоре семејна куќа во Жданец

Голем пожар го зафати ридот над скопски Жданец. Темен чад може да се забележи веднаш над населбата.

Екипите на скопската противпожарна бригада се уште се во скопски Жданец каде предмалку избувна голем пожар. Како што вели командирот Звонко Томески, се запалило приземјето на семејна кужа на улицата „Теодосиј Синаитски“.

-Се уште сме на лице место во Жданец, се работи на догаснување и расчистување на пожарот со кој брзо се справивме, вели Томески.

На лице место веднаш се упатиле пет пожарни, а понатамошно ширење и поголема штета спречиле 15 пожарникари.